Време е за калинки!

kalinka11

Се смета дека потекнува од стара Персија. Денес најмногу се одгледува во Тунис, Турција, Египет, Шпанија, Мароко, Иран, Кина, Калифорнија, Русија. Во Македонија, во Валандово, Гевгелија, Дојран…

Калинката како овошје е со исклучително хранливи и лековити својства и содржи: шеќери, лимонска и борна киселина, пектини, витамини, јод, железо и други корисни состојки.

Познати се диеталните и лековити својства, против слабокрвност, артериосклероза, настинка, грип и подобрување на имунолошкиот систем на организмот на човекот. Калинката е овошје против стареење и им помага на младите жени со хормонски проблеми. Оној што редовно јаде калинки, ќе има цврсти нокти и убава коса, а и душевното нерасположение ќе исчезне, тврдат научниците. Новите студии покажуваат и дека билните хормони на калинката го намалуваат ризикот од појава на рак на простата. Освен плодот, во лековити цели се користат и коренот, кората, лушпата и цветот.

Уште од античко време важела за природен лек, затоа што е утврдено дека сокот од калинки го подобрува апетитот и ја регулира работата на желудникот, одличен е против скорбут (затоа што содржи многу витамин Ц), а поттикнува и излачување на урината. Освен тоа, има силно дејство против болки и воспаленија. Во комбинација со сок од моркови и цвекло им се препорачува на трудниците затоа што содржи витамини од групата Б, железо, калиум, калциум, магнезиум, фосфор, натриум и витамин PP. Калинката има позитивно влијание на вредноста на тумор-маркерите за простата, PSA-маркери. Лекарите им препорачуваат на мажите секој ден да пијат четврт литар сок од калинки.

 

Advertisement