Смоквите изобилуваат со калиум, калциум, железо, фосфор, бакар, како и со витамините Б6, Ц и бетакаротен.

Смоквите изобилуваат со соединенија со потенцијално антиканцерогено дејство, наречени бензалдехид и кумарин.

Магнезиумот кој го има во големи количини во смоквите е еден од основните елементи кој го штити нервниот систем од стрес.

Исто така, многу е важен за коските, имунолошкиот систем и здравјето на мозокот.

Пектинот е тип на влакно кое го намалува холестеролот во крвта, додека триптофанот помага кај проблемите со циркулацијата, како и кај несоницата.

Големата содржина на природни шеќери обезбедува мозокот да работи побрзо, односно подобро да прима и да обработува информации.

Извор: Babinlek.com

Статиите на нашиот портал служат ИСКЛУЧИВО ЗА ВАШЕ ИНФОРМИРАЊЕ, за било каков здравствен проблем ЗАДОЛЖИТЕЛНО ДА СЕ КОНСУЛТИРАТЕ СО ДОКТОР!