Ако сакате постојано нешто да грицкате тогаш имаме предлог за вас. Заменете ги лошите грицки со добри намирници, на пример со јаткасти плодови.
Можете да направите микс од јаткасти плодови, на пример: бадеми, ореви, лешници и слично.
Доколку сакате намирница која го штити срцето, ја регулира тежината, го јакне имунитетот и ја прави кожата сјајна и убава, изберете ф`стаци.
Ф`стаци – одлична замена за штетните грицки
Ф`стаците се исклучително хранливи и здрави. Тие ги содржат витамините А, Б6, Ц и Е кои се битни за работата на срцето, јакнењето на имунулошкиот систем, заштита од штетните зрачења, превенција од рак и чување на нервниот систем.
Освен споменатите витамини, ф`стаците изобилуваат со влакна кои се потребни за дигестивниот тракт.
Ф`стаците се добар извор на магнезиум, железо, калциум, фосфор, цинк, натриум, манган и калиум.
Доколку имате недостаток на железо во организмот или пак ве мачат грчеви во мускулите, ф`стаците ќе ви помогнат да ја олесните оваа потешкотија. Ф`стаците допринесуваат за побрз метаболизам и ја регулираат телесната тежина.
Добрите страни на ф`стаците:
- Помагаат при анемија;
- Помагаат во регулирање на телесната тежина;
- Ги чуваат очите здрави;
- Го намалуваат лошиот холестерол;
- Го намалуваат ризикот од срцеви болести;
- Го спречуваат развојот на дијабетисот;
- Го јакнат имунолошкиот систем;
- Штитат од рак на кожата;
Ја штитат кожата од штетни влијанија;
Го чуваат здравјето на нервниот систем.

























