Погледнете како да направите вкусни посни кифли. Bи подготвивме уште еден рецепт:
Состојки:
- 1кг. брашно
- 1/2л. минерална газирана вода
- 1 квасец
- 4 лажици шеќер
- 3 лажички сол
- 1 лажица вински оцет
- 10 лажици зејтин
- 1 маргарин (посен)
- 100 гр. сусам
- 1-2 лажици посен сенф
Подготовка:
Квасецот се меша со малку шеќер, малку брашно и малку минерална газирана вода, а потоа се остава да стаса.
Во вангла се ставаат брашното и останатите состојки, потоа се истура квасецот и убаво се меси тестото. Потоа се прават мали топчиња и се редат на подмачкана подлога со зејтин. Кога ќе се направат топчињата, одозгора се премачкуваат со зејтин за да не фатат кора.
Се прават кифли и се редат во плех претходно премачкан со маргарин. Кога ќе стасаат
кифлите се премачкуваат со сенфот ( сенфот се меша со малку вода и неколку капки зејтин) и одозгора се става сусам па потоа по едно парче маргарин на секија кифла.
Се печат во претходно загреана рерна на 220 степени. Кога ќе се испечат се вадат од рерна и се покриваат со крпа. – Убав апетит.





















