Рецепт против кашлица

Секој имал можност да се сретне со постојана кашлица, што е многу непријатно чувство. Во такви случаи, ние бараме било какво решение, кое може да ни помогне да се ослободиме од неа. Поголем дел од времето земаме  лекови, со кои мислиме дека ќе се ослободиме од кашлање, но не е на одмет, да ја користиме и алтернативната медицина. Денеска ќе ви напишаме еден рецепт,кој помогнал на многу луѓе, во   нејзиното лекување.

Облогите од мед се фантастични и помагаат во отстранувањето на кашлицата, особено кај децата!

Еве го рецептот, па можете  да си го подготвите!

Потребни состојки:

1. домашен мед

2. маслиново масло

3. брашно

Прво, добро се меша малку брашно и маслиново масло , а потоа се додава мед. Мешајте добро за да добиете еднолична смеса и потоа ставете ја на салфета, а врз неа ставаете газа.

Газата ставете ја на грбот или на градите, па прицврстете ја со леплива лента, така да  неможе да се движи. Ако го ставите ова на деца, тогаш направете го тоа три часа пред да отидат во кревет. Од овој лек, по кажувањто на тие што го користеле, не се случиле никакви несакани реакции досега, така да сите може да го користат.

 

Advertisement