Инфарктот не бира кој и кога ќе го погоди. Настанува нагло, без никакви знаци за предупредување, а многу често има и фатален исход. Поради тоа, кардиоваскуларните болести заземаат прво место во светот по бројот на заболени и починати.

Најпознатиот српски кардиолог, д-р Вишеслав Хаџи Тановиќ, вели дека срцевиот удар е најтешко кардиоваскуларно заболување, кое во 40 отсто од случаите завршува со смрт, пред пациентот да стигне до лекар.

За да ги намалиме ризиците од срцев удар мораме добро да ги запознаеме факторите на ризик кои доведуваат до него. Докторот ги соопшти десетте правила како да се заштитите од инфаркт:

1. Физичка активност – Секојдневно шетајте наутро и навечер по 45 минути. Важно е да усвоите навика прошетката да стане дел од вашиот живот.

2. Антистрес – Применете секојдневен антистрес програм кој вклучува слушање музика и читање книги, одење на театар и гледање филмови, а посебно комедии.

3. Посветете се себеси – Посветете си себе дневно по 25 минути. Поминете ги во мир, молчејќи, слушајќи музика. Бидете сами со себе.

4. Смејсте се – Смејте се кога имате можност за тоа. Смеењето го амортизира стресот и кога се смееме се лачат хормони на среќа.

5. Намалете го крвниот притисок – Регулирајте го крвниот притисок. Треба да биде понизок од 140/90. За почеток поченете со умерена физичка активност. Ако тоа не помогне, неопходни се лекови.

6. Холестеролот вратете го во нормала – Држете го холестеролот и триглицеридите кои ја прават вкупната маснотија во крвта под контрола.

7. Нека шеќерот биде под контрола – Држете го шеќерот под контрола и тоа под 6,1, затоа што тој ја забрзува атеросклерозата и до 10 пати.

8. Престанете да пушите – Ако сте пушач, престанете веднаш, а не утре, затоа што утре е секогаш лага.

9. Ослабете – Регулирајте ја вашата тежина, затоа што вишокот килограми го зголемува ризикот од срцев удар.

10. Сакајте некој – Среќата и љубовта делуваат позитивно, ослободуваат хормони, ендорфин. Бидете секогаш позитивни и со насмевка гледајте кон иднината.

Нема да верувате колку погледот на животот влијае врз општата состојба на организмот.