Хомер во познатата Илијада, споменува дека легендарниот воин Ахил користел ајдучка трева (Achillea millefolium) за лекување на раните на неговата војска.

Индијанците ја користеле за лекување на крварења, рани и инфекции, а според Ајуверда и Кинеската медицина, ајдучката трева позитивно влијае врз работата на слезината, црниот дроб, бубрезите и уринарниот тракт.

Ајдучката трева одамна се користела во народната медицина, а како лековито растение голема примена има и во современата медицина. Ајдучката трева се користи при:

  • температура
  • настинки
  • нередовност на менструалниот циклус
  • дизентерија
  • дијареја
  • недостаток на апетит
  • проблеми со системот за варење на храната
  • за поттикнување на потењето.

Некои луѓе жвакаат свежи листови од ајдучка трева за намалување на забните болки. Ајдучката трева го стопира крварењето, помага при хемороиди и вагинални инфекции, го забрзува зараснувањето исечениците и раните. Исто така ја зајакнува мускулатурата на матката и ја нормализира обилната и болна менструација.

Третманот треба да се почне една седмица пред менструација со правење топли бањи од ајдучка трева. Горчливиот ахилеин, заедно со танините и витаминот К, ја прави билката погодна за сопирање на внатрешни и надворешни крвавења. Екстрактите од ајдучка трева се делотворни при цисти, воспаление на јајчниците и ендометриоза.

Во комбинација со други растенија, ајдучката треба се користи при надуеност, гасови, грчеви во стомакот и останати проблеми со дигестивниот систем. Цинеолот од етеричното масло ги уништува патогените микроорганизми и се употребува како антихелминтик (против цревни паразити).

Ајдучката трева содржи хемиски состојки кои имаат влијание врз крвниот притисок, а исто така има антиинфламаторни (против воспалитени) својства. Како резултат на диуретичните својства (поттикнување на мокрењето) и богатството во минерали (пред се калиум), ајдучката трева се применува за лекување на бубрежните заболувања.

Таа го елиминира вишокот течности во организмот, поради што е корисна и при срцеви тегоби, особено против проблеми со циркулацијата (зголемен крвен притисок, ангина пекторис, срцеви отоци).