Природен лек против кашлица и болки во грлото: Содржи само 3 состојки, а го зајакнува имунитетот до максимум!

Ви откриваме одличен рецепт со помош на кој ќе ја ублажите кашлицата и болките во грлото на природен начин

Лавровиот лист е една од најлековитите билки, а сирупот од овој производ ги намалува болките во грлото и ја смирува кашлицата. Тој исто така го зајакнува и имунитетот. Листовите се богати со витамин Б и разни минерали.

Состојки:

  • 6 сушени листови лавор
  • лимон
  • 3, 4 лажички кафеав шеќер или мед

Приготвување:
Во лонец зовријте 2 и пол дцл вода. Во водата ставете лавров лист, поклопете го и варете го 5 до 10 минути, потоа извадете ги листовите, а водата префрлете ја во друг сад.

Во водата исцедете сок од еден лимон и додајте го засладувачот што сте го одбрале, а потоа сето тоа добро измешајте го. Пијте го сирупот 3 пати дневно, по едно лажиче.

Статиите на нашиот портал служат ИСКЛУЧИВО ЗА ВАШЕ ИНФОРМИРАЊЕ, за било каков здравствен проблем ЗАДОЛЖИТЕЛНО ДА СЕ КОНСУЛТИРАТЕ СО ДОКТОР!
spot_imgspot_img

ПОВРЗАНИ ОБЈАВИ