Природен чај за искашлување: Кога ќе имате проблем со сува кашлица, ова е спасот

Освен напивката од ѓумбир, лимон и мед, испробајте го и овој чај. Главните две состојки се ленено семе и мајчина душица.

Чајот од ленено семе и мајчина душица ќе ви помогне во разредувањето и исфрлањето на насобраната слуз од белите дробови.

Овој чај дејствува и во случај на сува и надразнета кашлица така што ја смирува слузницата и бронхијалните мускули.

Ленено семе – ефикасна помош за сува и влажна кашлица
Кога се потопени во вода, семињата од лен испуштаат лековита слуз која во допир со грлото и слузницата дејствуваат смирувачки и истовремено ги прочистуваат бронхиите.

Освен тоа, семето од лен е богато со влакна, па секако ќе ја подобри вашата дигестија, а и богато е со омега-3 масни киселини и манган.

Мајчина душица – природен лек за кашлица
Популарната медитеранска билка мајчина душица од дамнешни времиња се користи за лековити цели, па така и за ублажување кашлица, бронхитис и сите други проблеми поврзани со респираторниот систем.

Познато е дека дејствува антибактериски, антимикробно, противгабично и антивоспалително. Дејствува така што ги опушта мускулите на бронхиите. Мајчината душица се покажала делотворна и во случај на бронхитис, односно острата кашлица што често ги погодува децата.

Рецепт за чај за искашлување
Состојки:

  • 3 лажици ленено семе
  • 1 лажица сушена мајчина душица

Приготвување:
Во лонец ставете 3 лажици ленено семе, па прелијте го со половина литар вода. Оставете да врие околу 10 минути. Потоа, додајте и лажица мајчина душица, тргнете го од рингла и оставете го поклопен 20 минути.

Исцедете го чајот. Пијте го повеќепати во текот на денот, по една-две голтки. Чајот секогаш треба да биде млак кога го пиете, никако ладен.