Како да препознаете дека нешто не е во ред во вашиот организам, односно дека инсулинот не си ја врши својата функција оптимално?
Како што веќе споменавме, високиот шеќер во крвта не значи и нужно дека имате дијабетес. Тоа е само еден симптом на дијабетесот.
Високото ниво на шеќер во крвта може да се препознае по голем број симптоми, меѓу кои:
- -сува уста
- -жед во поголемиот дел од денот
- -честа потреба за мокрење, особено навечер, за време спиење
- -честа глад
- -хроничен замор
- -сува кожа и јадеж
- -дебелеење и вишок масно ткиво околу стомакот
- -слаба концентрација
- -замаглен вид
- -чести инфекции
- -неугодност во желудникот
- -проблеми со нервите
- -потешко зараснување на рани
- -импотенција
Доколку ги имате овие симптоми или се сомневате на висок шеќер во крвта, задолжително посетете лекар и направете ги потребните тестирања.
Ако нивото ви е на висока граница, не започнувајте веднаш со лекарства, туку сменете го стилот на живеење и започнете да се храните правилно.
Статиите на нашиот портал служат ИСКЛУЧИВО ЗА ВАШЕ ИНФОРМИРАЊЕ, за било каков здравствен проблем ЗАДОЛЖИТЕЛНО ДА СЕ КОНСУЛТИРАТЕ СО ДОКТОР!

























