Покрај оваа билка ниту еден лек нема да ви биде потребен: Лекува гастритис, ја чисти крвта и штити од срцеви болести

Ајдучката трева е повеќегодишна билка која се смета за една од најлековитите. Многупати се покажала како корисна во итни ситуации, кога било неопходно да се сопре крвавењето и да се залечат раните.

Најчесто цути покрај патишта и на ливади. Покрај тоа што може да ви ја украси градината, ајдучката трева е добро позната во народната медицина. Ако немате градина, можете да ја одгледувате во саксија на тераса или во помали тегли.

Оваа билка ги смирува мускулите и ги лекува грчевите, овозможува испуштање гасови од организмот, дејствува противвоспалително и ги уништува глистите во цревата. Го снижува крвниот притисок, ги смирува дигестивните проблеми, како што се надуеност, констипација, желудочни тегоби.

Ја прочистува и ја зајакнува крвта и дигестивните органи, а ефикасна е и во лекувањето црн дроб, слезина, панкреас, жолтица, грозница, срцебиење, болки во ‘рбетниот столб и во грбот, нередовни менструации, несоница, разни јадежи и чиреви.

Најчесто се користи за сопирање крвавење и лекување рани. На пример, можете да ставите свежо или исушено цвеќе од оваа билка на рана што крвави и да притиснете.

Најчесто, по само 10-30 секунди раната ќе престане со крвавење, но ова зависи од големината на исекотината. Покрај тоа, служи и за отстранување болка од рани и спречува инфекции.

Некои луѓе џвакаат листови од оваа билка за да ублажат забоболка.

Статиите на нашиот портал служат ИСКЛУЧИВО ЗА ВАШЕ ИНФОРМИРАЊЕ, за било каков здравствен проблем ЗАДОЛЖИТЕЛНО ДА СЕ КОНСУЛТИРАТЕ СО ДОКТОР!
spot_imgspot_img

ПОВРЗАНИ ОБЈАВИ