Името калинка на латин­ски значи јабо­лко полно со семки, што и не зачу­дува биде­јќи во пого­лем број јазици во името на овој плод се содржи и збо­рот јабо­лко. Илјад­ници години се смета сим­бол на плод­но­ста и љубовта, а за неа се збо­рува и во Библијата.

Овој модро-црвен плод прв пат го откриле жите­лите на Иран и Индија. Оттаму, него­вото одгле­ду­вање се про­ши­рило во целиот суптро­пски појас. Ста­нува збор за листо-падна грму­шка, со висина од 5 до 8 метри, која дава нави­стина вку­сен плод.

Калинката го подобрува расположението. Затоа на вашата маса секогаш треба да има калинки, кои личат на црвени крвни зрнца и имаат широк спектар на лековитост.

Калинката е полна со антиоксиданти, витамини А, Б5, Ц, Е, калиум, фолна киселина и железо.

Може да помогне и кај лицата со срцеви заболувања и дијабетичари. Една чаша сок од калинка го намалува ризикот од кардиоваскуларни болести. Срцевината на округлиот плод е вистинска ризница на малечки, сочни, вкусни и црвеникави ќесиња, во чија внатрешност има семки. Тие се оној дел од плодот, кој се јаде.

Плодот има исклучително ниски вредности на заситени масти, холестерол и натриум од една страна и висок процент на растителни масла од друга страна.

Од витамините се истакнуваат големите количини на фолна киселина, витамин Ц и витамин К. Од минералите како најзастапени ќе ги спомнеме железото, калциумот, бакарот, калиумот и фосфорот.

Калинката се вбројува меѓу т.н. супер храна!

Бројни исстражувања покажуваат дека таа има повисоки нивоа на антиоксиданси од црвеното вино, сокот од грозје и зелениот чај. Антиоксидансите го неутрализираат штетниот ефект на слободните радикали врз клетките и со тоа го забавуваат процесот на стареењето и процесите на настанување на разни болести.

Advertisement