Станува збор за овесна каша, затоа ви приготвивме четири причини зошто овесната каша треба да биде на вашето дневно мени.
Чувство на ситост:
Овесната каша изобулува со многу влакна што ќе ве одржат заситени од раниот утрински појадок до следното јадење. Го стимулира варењето на храната, па затоа е идеално за оние кои сакаат да изгубат на тежина.
Го намалува холестеролот:
Поради здравите влакна содржани во него, ги врзува мастите за себе и со тоа го намалува лошиот холестерол.
Го регулира крвниот притисок:
Од сите намирници што можат да помогнат во намалување на крвниот притисок, овесната каша е најдобриот избор. Богата е со растителни влакна, кои (доколку се консумираат редовно), можат да го намалат крвниот притисок за 30 проценти.
Борец против ракот:
Намирниците од цело зрно го намалуваат ризикот од рак на дебелото црево, покажаа бројни студии. Овесната каша може да биде одлична за спречување на рак на дојка, јајници и простата.
РЕЦЕПТ: Овесна каша со банана и цимет
Состојки:
- 1 чаша овесна каша,
- 1 банана (средна големина) исецкана,
- 1 лажица мед,
- 1 чаша млеко,
- 1 лажица цимет,
- сецкани ореви.
Подготовка:
Потопете ги снегулките во млекото и оставете ги да отстојат 10 до 20 минути. Потоа додадете мед и добро промешајте. Потоа додадете ги бананите и оревите и повторно измешајте добро. На крај, можете да додадете малку цимет.
Пријатен апетит!

























