Овој лек честопати го препорачуваат лекарите кај пациенти со особено опаднат имунитет. Богат е со активни состојки кои му помагаат на организмот да се избори со многу тешки болести, а можат да го земаат и сосема здрави луѓе.
Потребни состојки:
- ½ литар сок од лимон (се добива од околу 1 кг.лимони) се меша убаво со:
- 1 кг мед (1 тегла, ако медот е кристализиран, се меша додека да се растопи)
- 350 г Таан ( ½ тегла) па во тоа се додаваат мелени:
- 250 г бадеми
- 250 г ореви
- 250 г лешници
- 250 г сусам (мелен на машинка за кафе)
- 10 г цимет, мелено или 10 г морско оревче, рендано
- 30 мл прополис
Овој лек дава одлични резултати. Болни од карцином и болни кои се на хемотерапија во почетокот земаат ударна доза- вкупно 4 супени лажици дневно и тоа:
- првата лажица наутро на гладно
- втората лажица 2 часа по појадокот
- третата лажица 2 часа по ручекот
- и последната, четвртата лажица навечер пред легнување.
Кога ќе се утврди дека имунитетот е добар, за понатамошно одржување на имунитетот дозата се намалува на половина, односно се земаат вкупно 4 мали кафени лажички дневно по истиот распоред.
Намалената доза може да ја земаат и здрави луѓе за одржување на имунитетот.
Статиите на нашиот портал служат ИСКЛУЧИВО ЗА ВАШЕ ИНФОРМИРАЊЕ, за било каков здравствен проблем ЗАДОЛЖИТЕЛНО ДА СЕ КОНСУЛТИРАТЕ СО ДОКТОР!

























