Оваа билка многумина ја конзумираат, а може да биде опасна – несакани појави од лекување со билки

Покрај својот лековит ефект, некои растенија може да предизвикаат и контраиндикации. Ова може да биде резултат на несовесното користење на растението, или едноставно незнаење на методите на берење, сушење или подготвување на лековите од поедини растителни видови.

Ако не го знаете точниот метод на лекување со билките, или препаратите од билките, ви предлагаме да се посоветувате со лекар или природен исцелител. Еве неколку од познатите лековити билки:

Анис – Не се препорачува на луѓе кои страдаат од стомачни чирови и колитис. Не треба да се чуваат долг период, бидејќи плодовите на овие растенија можат да станат токсични. Пред секоја употреба треба да се подготви нова свежа доза на чај.

Ајдучка – Присуството на ахилеин има токсично делување во случај на предозирање. Ахилеинот, под влијание на еден специфичен ензим, хидролизира ослободувајќи етерично масло и цијановидна киселина, која ома отровен ефект.

Труењето се манифестира со грчеви, проследени со вознемиреност и нервоза. Не е погоден за свежи рани поради иритација. Се препорачува за лечење на стари и инфицирани рани.

Боранија – Неподготвена зне да биде и отровна. Ако се конзумира во пресна состојба, предизвикува воспаление на гастроинтестиналниот тракт со пропратено крварење. Зелка – Прекумерната конзумација доведува до гадење и повраќање. Оксалната киселина е поврзана со калциумот во телото и крвта, по што може да предизвика и крварење.

Лазаркиња – Во големи количини доаѓа до труење кое се манифестира со главоболка, вртоглавица и гадење, а во претерано големи дози истата може да биде смртоносна. }Жолта коприва – Се препорачува да се употребува свежо цвеќе, затоа што доколку дојде до сушење, се губи активното делување.

Врес – Оваа билка треба да се употребува доста внимателно, затоа што се забележани случаеви на труење на луѓето и животните. Зајачка шепа – Предозирање од оваа билка, може да предизвика мачини, повраќање, иритација и гастроинтестинален тракт.

Петопрста – Контрадикциите настанува кај заболениот црн дроб и бубрезите. Не треба да конзумираат на празен стомак, бидејќи тоа влијае на желудникот и цревата. Нане – може да има токсичен ефект, само во случај на предозирање. Глуварче – Млечниот сок консумиран во големи количини може да предизвика труење, гадење, повраќање, дијареа или сцрева аритмија.

Пелин – Не се препорачува за бремени жени, доилки и луѓе заболени од нервоза (невролошка болест). Предозирањето може да предизвика труење, а симптомите се нервоза, агитација, халуцинација, грчење на мускулите, губење на свест и смрт. Третманот не треба да трае подолго од 2 недели. Продолжената употреба може да предизвика мантални нарушувања, хипомнезија (ослабено памтење) и гадење.

Руса – Треба внимателно да се користи, затоа што може да предизвика труење, повраќање, забавено дишење, делириум (бунење, лудило), халуцинации. Кантарион – Предизвикува зголемена осетливост на светлината (фото-чувствителност), што значи дека луѓето кои се лекуваат со кантарион треба да избегнуваат прекумерена изложеност на сонцето. Симптомите се манифестираат како отоци, чешање, отекување на усните и очните капаци.

Ден и ноќ – Не треба да се пречекорува одредена доза, затоа што во спротивно доаѓа до неконтролирано чистење на дебелото црево, во екстремни случаи и до повраќање. Лаванда – Не се се користи во големи концентрирани дози, поради тоа што доведува до состојба на зголемување на раздразливоста, проследена со срцеви и нервни слабости, поспаност, хипотензија (низок крвен притисок), хипотермија (ниска телесна температура)

Петровац – Предозирањето резултира со болни напади, а кај заболените со камен во бубрег, може да предизвика и ненадејно исфрлање на каменот и како резултат на тоа затворање на бубрежните канали.

Рута – Се препорачува внимателно ракување, поради тоа што е отровна. Симптомите на труење се: Вознемиреност, дисфагија (проблеми и тешки болки при голтањето) сува уста, кожа и слично.

Жалфија – Не се препорачува за доилките, затоа што ја намалува млечната секреција. Преслица – Присуството на тијаминаза (ензим кој го уништува витаминот Б), предизвикува појава на симптоми како вртоглавица, гадење, раздразливост, мускулни грчеви, (бавни рефлекси). Спомнатите компликации спречуваат внесување на витамин Б во организмот.

Хмелј – Присутност на лупулин, кај некои поединци предизвикуваа и алергии, акцем и дермитис. Клека – Прекумерна употреба може да доведе до крварење во цревата и мочните канали. Багрем – Во кората и семето на билката се наоѓаат отровни материи. Труењето се манифестира во форма на болни напади, како дијареа, апатија и слично.

Зова – Незрелите плодови можат да предизвикаат труење со храна, а истото се манифестира со повраќање и дијареа. Храст – Причина за труење, најчесто кај децата ако земат поголемо количество. Можат да ги почуствуваат ефектите во форма на апатија (состојба на рамнодушност, незаинтересираност), запек и зголемено мокрење.

Имела – Во некои видови на стебла содржи токсични супстанци кои ја пореметуваат работата на срцето. Не се користи имелата која што расте на даб.

Advertisement