Ова е првиот знак дека ви се заканува инфаркт – српски кардиолог откри 2 работи кои може да ви го спасат животот

Д-р Иван Стојановиќ, специјалист за болести на срцето и крвните садови, дава важни совети за прва помош при срцев удар. Знаците на инфаркт не се секогаш лесно препознатливи, но некои од нив се секако типични.

Симптомите се пред се, многу силна болка во раката, вратот, па дури и вилицата, како и чувство на жештина или притисок во градите. Од силните тегоби, заболениот може да остане без воздух, но она што треба итно да се направи може да му го спаси животот.

Зборувајќи за едноставните средства за заштита на крвните садови и срцето, проф. д-р Иван Стојановиќ, кардиолог на Институтот „Драгиша Мишовиќ“ објаснил дека е многу важно да се спречат тегоби.

Тоа може да се направи со обична прошетка, движење кои поттикнува циркулација и множе да го заштити организмот од аталното запушување на крвните садови. Ако до инфаркт сепак дојде, треба итно да се направат две работи.

Една е да повикате брза помош, затоа што лекарската интервенција е најзначајна во првиот час. Второ е да се напиете аспирин, лек кој влијае врз брзото ширење на крвните садови.

Advertisement