Отстранете го ова и ќе го елиминирате лошиот здив кој не го ни чувствувате

Ако сте забележале дека имате лош здив или тоа го забележале некој од вашите блиски, а притоа користите паста, конец и течност за заби кои не вродуваат со резултат, причина за непријатниот здив може да се крие во казеозните (гнојни) чепови во грлото.

Тоа се бело-жолтеникави наслаги на крајниците со многу непријатен мирис, кои по правило се јавуваат како резултат на хронично воспалително заболување на ждрелото и крајниците – тонзилитис.

Народната медицина располага со низа средства за елиминирање на тонзилните чепови:

-Испирање со сода бикарбона

​Во 200 мл превриена (топла) вода растворете ½ кафена лажичка сода бикарбона, ½ кафена лажичка сол и 2-3 капки јод. Активно испирајате го грлото со овој раствор неколку пати дневно, зафрлајќи ја главата наназад. Течноста не треба да се голта.

-Билна смеса за испирање на грло:

  • 3 дела лист од жалфија
  • 3 дела цвет од камилица

Лажичка од оваа мешавина прелијте со чаша врела вода, оставете половина чаша па процедете. Испирајте го грлото 5-6 пати дневно.

  • 2 дела евкалиптус
  • 1 дел ленено семе
  • 2 дела камилица цветови
  • 2 дела липа цвет

Билките иситнете ги. Една супена лажица од мешавината прелијте со 200 мл врела вода во порцелански сад, покријте и оставете половина час да отстои. Процедете и испирајте го грлото со топла тинктура, 4-5 пати дневно. При крај на испирањето полека испијте и неколку голтки.

– Добро помага и џвакање на свеж лимон.
После тоа еден час не треба ништо да јадете, за да им се овозможи на етеричните масла и лимонската киселина да делуваат врз воспалението на слузокожата од грлото. Оваа постапка треба да се повторува на секои три часа.

-Уште еден проверен, едноставен, но многу ефикасен рецепт од руската традиционална медицина за лекување на воспалено грло и крајници. Ќе ви биде потребно едно поголемо цвекло и 9% алкохолна киселина.

-на 250 г изрендано цвекло додадете 1 супена лажица оцет (на 500 грама – супени лажици)
-промешајте и оставете да отстои 15-20 минути
-добро процедете низ газа или пластична цедалка. Остатоците од цвеклото можете да ги изедете.

Испирајте го редовно грлото, на секои 2-3 часа (можете и да го пиете за подобар ефект) и ќе забележите резултати! На овој начин цвеклото успешно лекува хронично воспаление на грлото и гнојна ангина.

​Не се препорачува самостојно истискување и вадење на гнојот поради можни повреди на крајниците и грлото. Најдобро е да посетите лекар.

​Видеото во продолжение е демонстрација на тоа, што се’ може да биде наталожено во крајниците:

Статиите на нашиот портал служат ИСКЛУЧИВО ЗА ВАШЕ ИНФОРМИРАЊЕ, за било каков здравствен проблем ЗАДОЛЖИТЕЛНО ДА СЕ КОНСУЛТИРАТЕ СО ДОКТОР!
spot_imgspot_img

ПОВРЗАНИ ОБЈАВИ