Честото третирање на косата, како боење, сушење, загревање и употреба на сите производи за коса ја осиромашува косата и повеќе ја оштетуваат косата. Загадувањето на животната средина, исто така и штети на косата. Тие, во комбинација со штетните состојки во многу козметички и стилизирани производи, ја заситуваат косата со токсини, кои дополнително имаат штетен ефект врз неа.
Ние нудиме неколку ефективни природни рецепти за природен детокс за коса дома. Ви претставуваме 3 маски за длабокинско негување на косата.
Детокс со мед
Медот и помага на косата во длабинско хидрирање на влакното, ја омекнува и ја прави понежна и посјајна. Затоа користете мед наместо хемиски шампон.
Измешајте 1 лажица мед со 3 лажици вода. Нанесете на косата од корените до врвот. Нека отстои а потоа исплакнете ја косата со ладна вода. Истовремено можете да користите јаболков оцет за да ја исплакнете и да ја неутрализирате смесата со мед.
Оцет
Јаболковиот оцет е одличен природен детокс за косата. Ги чисти токсините од косата и скалпот без да му наштети на коренот и влакното. Резултатите се импресивни.
Измешајте ¼ шолја јаболков оцет со 2 чаши вода. Исплакнете ја косата со оваа смеса откако ќе ја измиете со шампон.
Алое вера и глина
Алоето има огромни детоксицирачки својства и содржи многу корисни состојки за негување и хидрирање на косата. Тоа ги отстранува токсините од неа и и помага на вашата коса да остане здрава, сјајна и полна со живот.
Измешајте една чаша глина прав, со една чаша гел од алое вера и 4 лажици јаболков оцет. Добро промешајте ги овие состојки со чаша вода, се додека смесата не се раствори целосно. Нанесете ја пастата на косата и оставете да делува 30 минути. Измијте со шампон и балсам.

























