Ѓумбирот е корен кој најчесто се користи при готвење и спремање на колачи, а се користи и при одредени здравствени проблеми.

На пример, ги олеснува дигестивните проблеми, го намалува воспалението, има антибактериски својства. Но според истражувањето на Универзитетот во Џорџија во САД, одличен е и во борбата против ракот.

Научниците тврдат дека е многу поефикасен од хемотерапијата и ја уништува само станицата на ракот,  односно канцерските клетки, за разлика од хемотерапијата која ги уништува и здравите клетки. Научниците тврдат и дека ѓумбирот помага во намалувањето на големината на туморот на простатата за дури 54 проценти.

Според друго истражување, состојка на ѓумбирот која настанува со негово сушење или готвење помага во уништувањето на станицата на ракот на дојката.

Туморот во својот состав има само 0,2 до 1 проценти матични клетки, но многу е тешко истите да се елиминираат, а се создаваат и нови доколку не се уништат постоечките.

– Тоа значи дека матичната станица на ракот самостојно ги обновува клетките кои се многу отпорни на конвенционални хемотераписки средства. Покрај тоа, способни се да раздвојуваат и создаваат нови туморски колонии па така да се прошират низ целото тело. Единствен начин за целосно да го ослободите телото од ракот е целосно да ја уништите матичната станица на туморот – велат експертите и додаваат дека тоа е причината поради која ракот повторно се појавува по навидум успешна хемотерапија, зрачење или операција.

Статиите на нашиот портал служат ИСКЛУЧИВО ЗА ВАШЕ ИНФОРМИРАЊЕ, за било каков здравствен проблем ЗАДОЛЖИТЕЛНО ДА СЕ КОНСУЛТИРАТЕ СО ДОКТОР!