Направете моќен антибиотик сами дома – ќе го прочисти вашето тело

Најдобриот начин да се заштитите од болести е силниот имунитет. За да имате силен имунитет потребно е да се храните здраво, но можете да се послужите и со овој мал трик. Пробајте го овој напиток…

Потребно ви е: 700 мл јаболков оцет, 1/4 шолја сецкан лук, 1/4 шолја ситно сецкан кромид, 2 свежи пиперки, најлути кои можете да ги најдете, 1/4 шолја рендан ѓумбир, 2 лажици рендан рен, 2 лажици куркума.

Подготовка: Сите состојки освен оцетот, помешајте ги во чинија. Помешајте ја смесата и ставете ја во поголема тегла. Прелијте ја смесата со оцетот. Затворете ја добро теглата и добро промучкајте. Држете ја теглата на суво и ладно место 2 недели.

По две недели, процедете ја смесата, најдобро е да користите газа. Една лажица од овој напиток дневно е доволна за да го подобри вашиот имунитет, но бидете внимателни бидејќи е прилично лут.

Advertisement