Овој природен сируп го смирува кашлањето, и одличен е за пушачи. 

Потребни состојки:

  • жалфија 40 g
  • шеќер 300 g
  • вода 600 ml

Подготовка:

Зовријте чај од 40 гр жалфија и 600 мл вода. Растопете 300 гр шеќер без вода на не многу висока температура. Тргнете го чајот од оган и додадете го сирупот од шеќер во чајот. Добиениот сируп мешајте го на ниска температура еден час. Кога чајот ќе биде со густина на мед, изладете го и чувајте го во стерилен стаклен сад во фрижидер.

Дозирање:

За возрасни 3 пати на ден по една голема лажица, деца 3 пати на ден по една мала лажица.

Доколку кашлањето потрае подолго и ако е придружено со температура, побарајте совет од вашиот лекар.

Статиите на нашиот портал служат ИСКЛУЧИВО ЗА ВАШЕ ИНФОРМИРАЊЕ, за било каков здравствен проблем ЗАДОЛЖИТЕЛНО ДА СЕ КОНСУЛТИРАТЕ СО ДОКТОР!