Со редовна употреба, ќе ја обновите кожата на лицето. Кинеските и јапонските жени можат да се пофалат со совршен тен и лице без ниту една брчка. Тие редовно ја хранат својата кожа со оваа маска, во која главна состојка е оризот.
Оризот е богат со витамини од групата Б, кои го стимулираат обновувањето и растот на клетките, го подобруваат и забрзуваат протокот на крв во кожата на лицето и го забавуваат стареењето на клетките.
Го враќа сјајот на кожата, ја прави исклучително мека.
Потребни состојки:
- 3 лажици ориз
- 1 лажица млеко
- 1 лажица мед
Подготовка:
Натопете три лажици ориз во ладна вода и ставете го на шпорет да зоврие. Додека оризот се готви, подгответе една лажица млеко и една лажица мед.
Кога процените дека оризот е подготвен, тргнете го од оган и исцедете го, по што треба да го изгмечите. Направете го ова со лажица, а вака изгмечениот ориз полесно се нанесува на кожата на лицето. Додадете ги останатите состојки и убаво измешајте ги.
На чиста кожа, нанесете ја маската со прстите. Оставете да делува околу половина час, а потоа отстранете ја со крпа натопена во вода.