НАПИВКА КОЈА ВЕДНАШ ЌЕ ЈА НАПРАВИТЕ: Го зајакнува имунитетот и го намалува стомакот!

Посетете продавница за здрава храна, набавете неколку потребни состојки и направете бомба за вашиот организам.

Имено, напивката која се подготвува многу лесно ќе ви донесе појак имунитет но и ќе ви помогне да го намалите стомакот, поточно надуеноста на стомакот.

Потребни ви се:

  • 1 лажица изрендан корен ѓумбир
  • 1/2 лажица куркума
  • 2 стапчиња цимет
  • 1/2 лимон
  • 3-4 дл вода

Подготовка:

Исчистете го коренот ѓумбир и изрентајте го. Истото направете го и со куркумата, или користете во прав. Ставете ја водата да зоврие, а потоа додајте ги состојките и двете стапчиња цимет.

Потоа исцедете го и лимонот. Конзумирајте кога ќе се олади, а ако сакате да ја засладите напивката, направете го тоа со домашен мед.

Статиите на нашиот портал служат ИСКЛУЧИВО ЗА ВАШЕ ИНФОРМИРАЊЕ, за било каков здравствен проблем ЗАДОЛЖИТЕЛНО ДА СЕ КОНСУЛТИРАТЕ СО ДОКТОР!
spot_imgspot_img

ПОВРЗАНИ ОБЈАВИ