Напиток од само 3 состојки со кој ќе го исчистите организмот – особено е значаен за црниот дроб

Празниците пристигнуваат, а по консумирање на калоричната храна на организмот ќе му биде потребна детоксикација.

Времето на празниците е пред нас, а тоа во поголем дел подразбира и внесување на поголеми количини масна и „тешка“ храна, па можеби е потребно да размислите за тоа како потоа да го исчистите вашиот организам.

Еден од добрите начини кои добро делуваат на црниот дроб, кој трпи најмногу оптоварување во деновите кога внесуваме калорична храна, е едноставен напиток за детоксикација од само три состојки.

Состојки:

  • 1/2 шолја ладен зелен чај
  • 1 банана
  • половина лимон

Подготовка:
Исцедете го лимонот измешајте го сокот со една цела излупена банана која може да ја изблендирате или едноставно да ја згмечете со виљушка. Добиената смеса помешајте ја со зелениот чај кој претходно сте го свариле и изладиле.

Овој детокс-напиток испијте го веднаш, додека сите состојки се свежи.

Advertisement