Најмоќното ОРУЖЈЕ против ракот и холестеролот е ОВА!

Витаминот Е се смета за храна за мозокот, го спречува когнитивниот пад кој обично доаѓа со годините.

Јаткастите плодови често се наоѓаат на списокот на нездрави производи. Тоа се однесува на фабрички преработените, односно пржените, солените или прелиените со чоколадо, но доколку станува збор за сировите непреработените тие се вистинска ризница на здравје.

Научниците тврдат дека нивна консумирање не е никогаш ограничено. Луѓето кои секојдневно консумираат јаткасти производи како замена за друга храна, повеќе губат на тежина и имаат потесен струк. Се покажало дека јаткастите плодови не можат да ве здебелат, а одлични се за здравјето и за кардиоваскуларниот систем.

Го намалуваат стресот

Оревите се богати со алфа-линоленска киселина, па така го штитат срцето за време на поголем стрес кога тоа е посебно загрозено. Стресот обично доведува до пад на имунитетот, но ако јадете бадеми кои се богати со витамин Е, витамин Б и магнезиум го зачувувате имунитетот.

Добри за вашето срце

Бадеми, лешници, кикирики, бразилски и домашни ореви  имаат важна улога во намалување на ризикот од развојот на срцеви заболувања, покажуваат истражувањата од Харвард. Тоа е така затоа што јаткастите плодови можат да го намалат холестеролот. Освен тоа нудат мононезаситени и полинезаситени маснотии, како и влакна кои го штитат срцето. Јаткастите плодови богати се со аргинином, аминокиселина која помага крвните садови да бидат опуштени.

Против рак на белите дробови

Исхраната богата со јаткасти плодови може до некаде да го заштити од развој на рак на белите дробови, покажува прелиминарното истражување претставено на Cancer Prevention Research Conference. Научниците мислат дека клучна улога игра гама-токоферолот, тип на витаминот Е.

Здравје на мозокот

Поради количината на витаминот Е, јаткастите плодови  се сметаат за храна за мозокот, го спречуваат когнитивниот пад кој обично доаѓа со годините. Посебно се препорачуваат кикириките бидејќи изобилуваат со витамин Е.

Статиите на нашиот портал служат ИСКЛУЧИВО ЗА ВАШЕ ИНФОРМИРАЊЕ, за било каков здравствен проблем ЗАДОЛЖИТЕЛНО ДА СЕ КОНСУЛТИРАТЕ СО ДОКТОР!
spot_imgspot_img

ПОВРЗАНИ ОБЈАВИ