Најчести симптоми на Ковид-19 кои се јавуваат кај вакцинираните лица: Професор објаснува како да ги разликувате од настинка

Кога се појави делта сојот на коронавирусот, многумина симптомите ги препишаа на класичната настинка, но разлика сепак постои. Најчестите симптоми на Ковид-19 се различни кај луѓето кои ги примиле и двете дози од вакцината против коронавирусот.

Познато е дека ниту една вакцина не штити 100 отсто од инфекцијата, но сите достапни вакцини покажале дека штитат од тешки облици на болеста. Професорот Тим Спектор, епидемиолог од Кралскиот колеџ во Лондон вели дека според податоците на студијата ZOE Covid, целосно вакцинираните луѓе сега се 30 отсто од позитивните случаи во Велика Британија.

„Поради тоа важно е да бидете свесни на симптомите на Ковид-19 по вакцинацијата“, истакнува професорот. „Нашите податоци покажуваат дека инфекцијата по вакцинацијатa потсетува на настинка, а главните симптоми се течење од носот, главоболка, кивавица, болка во градите, губење на сетилото за мирис“:

Во апликацијата ZOE Covid Study благодарение на која минатата пролет било откриено дека губењето на сетилото за мирис и вкус е еден од симптомите кој укажува на инфекцијата Ковид-19, Британците сега најчесто пријавуваат главоболка, воспаление на грлото, течење на носот – три симптоми кои се јавуваат во исто време.

Експертите и претходно сугерираа поради што вакцинираните луѓе пријавуваат различни симптоми. Луѓето со алергии киваат поради тоа што коронавирусот побрзо го активира имунолошкиот систем. Поради тоа се смета дека оние чиј имунолошки систем е подготвен против коронавирусот поради вакцинацијата може да реагира на ист начин со симптоми на настинка или алергија.

Кивање „без објаснување“ исто така може да биде последица на алергија или вообичаена настинка. „Доколку имате потреба да кивнете тоа задолжително направете го така што ќе кивнете во внатрешноста на вашиот лакот“, предупредил професорот Спектор.

Тој исто така додал дека голема е веројатноста овој симптом да се поврзе со коронавирусот поради тоа што моментално во Велика Британија нема многу вируси во игра меѓу возрасните. Како што пренесува британски „The Sun“ симптомите на Ковид-19 кај луѓето кои ги примиле и двете дози од вакцината изгледаат вака:

– течење на носот (75 отсто);

– главоболка (73 отсто);

– кивање (67 отсто);

– болка во грлото (53 отсто);

– губење на сетилото за мирис (51 отсто).

Advertisement