Моќен природен лек: Чај од кромид е спас за организмот

Кромидот во себе содржи многу корисни супстанци, а покрај тоа што се користи во исхраната, може да се користи и како лек. Една главица кромид исецкајте ја на четири делови и прелијте ја со три шолји вода.

Ако кромидот не е прскан, оставете го заедно со кората за да биде поефикасен. Потоа ставете го да се вари на тивок оган, додека половина од течноста не испари, а потоа исцедете и испијте го топол.

Вкусот на вака подготвен чај е сладок и пријатен, а по желба може дополнително да се заслади со мед. Овој чај првенствено се пие против кашлање, а можете да го користите и за ублажување на главоболките, настинка и грип.

Кај овие болести чајот во најголем број случаи доволно е да се пие 2-3 дена. Инаку, чај од кромид користат и лица кои боледуваат од срце и астма, како и бронхитис.

Исто така, добар е и за детоксикација и зајакнување на организмот.

Статиите на нашиот портал служат ИСКЛУЧИВО ЗА ВАШЕ ИНФОРМИРАЊЕ, за било каков здравствен проблем ЗАДОЛЖИТЕЛНО ДА СЕ КОНСУЛТИРАТЕ СО ДОКТОР!
spot_imgspot_img

ПОВРЗАНИ ОБЈАВИ