Моќен енергичен појадок со хељда и млеко

СОСТОЈКИ:

  • 100 гр хељда
  • 200 мл млеко
  • 3 лаж шеќер
  • 20 гр путер

Хељдата измијте ја со вода.

Ставете во тенџере додајте 300 мл. вода и варете додека не изврие сета вода.
Млекото стоплете го.

Во чинија послужете ја хељдата, додајте топло млеко, шеќер по вкус и ставете лажиче путер и промешајте. Многу едноставно, а и вкусно за појадок. Добар апетит!

Advertisement