Во последно време, медицинската диета е еден од најпознатите методи за слабеење, која нуди можност за губење на 2-15 килограми, доколку навистина се внимава.

Предност на овој начин на исхрана е во тоа што не прави да чувствувате слабост или омалаксаност, бидејќи овозможува внесување на минерали и витамини. Исто така, таа е прилично изводлива и не бара скапи намирници во исхраната.

Оваа диета е дело на кардиологот Херман Тарновер, која ја смислил за неговите пациенти со срцеви заболувања. Денес, таа е еден од најпопуларните начини за слабеење.

Важно е да се напомене дека оваа диета може да се држи најмногу 3-5 денови или помал број на циклуси, доколку треба да изгубите помалку килограми.

Ден 1

Појадок

  • 1 портокал
  • 4 крекери
  • 1 шолја кафе или чај (бешз шеќер)

Ручек

  • 1 портокал
  • 1 варено јајце
  • ½ шолја јогурт

Вечера

  • 2 домати
  • 2 варени јајца
  • 1 краставица
  • 1 зелена салата

Ден 2

Појадок

  • 1 портокал
  • 4 крекери
  • 1 шолја кафе или чај без шеќер

Ручек

  • 1 портокал
  • 1 варено јајце
  • ½ шолја јогурт

Вечера

  • 1 плескавица (125 гр. мелено месо)
  • 1 портокал
  • 1 домат
  • 4 крекери
  • 1 шолја кафе или чај без шеќер

Ден 3

Појадок

  • 1 портокал
  • 4 крекери
  • 1 шолја кафе или чај без шеќер

Ручек

  • 1 портокал
  • 1 варено јајце
  • ½ шолја јогурт
  • 1 зелена салата или 2 краставици
  • 1 шолја кафе или чај без шеќер

Вечера

  • 1 плескавица (125 гр. мелено јунешко месо)
  • 1 портокал
  • 4 крекери
  • 1 шолја кафе или чај без шеќер

Ден 4

Појадок

  • 1 портокал
  • 4 крекери
  • 1 шолја кафе или чај без шеќер

Ручeк

  • 125 гр. немасно сирење
  • 1 домат
  • 4 крекери

Вечера

  • 1 плескавица (125 гр. мелено јунешко месо)
  • 4 крекери
  • 2 домати
  • 1 јаболко

Ден 5

Појадок

  • 1 портокал
  • 4 крекери
  • 1 шолја кафе или чај без шеќер

Ручек

  • 200 гр. готвена риба или пилешко
  • 4 крекери
  • 1 домат

Вечера

  • 500 гр. готвен зеленчук
  • 1 варено јајце
  • 1 домат

Важно е да се напомене дека количината и распоредот на намирниците не смеете да ги менувате, бидејќи така ќе постигнете најдобри резултати.

Статиите на нашиот портал служат ИСКЛУЧИВО ЗА ВАШЕ ИНФОРМИРАЊЕ, за било каков здравствен проблем ЗАДОЛЖИТЕЛНО ДА СЕ КОНСУЛТИРАТЕ СО ДОКТОР!