Листот од бреза е еден од најмоќните природни растителни диуретици.

Листот како природно средство за дезинфекција и детоксикација, во форма на екстракт од чај, лекува инфекции на уринарниот тракт, болести на крвта (анемија, атеросклероза), црниот дроб и жолчката, водена болест, простата, жиговина, проблеми со зглобовите, губење на косата, кожни болести, целулит, настинка, треска, разни паразити во цревата.

Диуретското својство на брезата е од голема важност за лекувањето на болести при кои се насобира поголема количина на вода, бидејќи со зачестеното и засиленото лачење на урина, придонесува за прочистување на крвта и ткивата од кои се излачува вода и мочна киселина.

Тоа е важно за лекувањето гихт и ревматизам, при насобирање вода во стомачната празнина (асцитес) што се јавува при цироза на црн дроб, за дијабетес во почетна фаза, за многу отечени нозе и болни отечени зглобови, во случај на вода во белите дробови и срцето и при тешкотии со мокрењето.

Познато е лековитото дејство на облогите од млади листови од бреза, кои се ставаат на болните места во случај на ревматизам и гихт, отечени и болни зглобови и отоци од вишок вода.

Бањите од листови бреза се препорачуваат и за кожни болести, како што се нечистотии на кожата, мокри и суви лишаи, првут, масно теме на главата.

Листови бреза се додаваат и во разни чајни мешавини за лекување други полесни и потешки болести. Пупките од бреза се користат на истиот начин како и листовите бреза. Тинктурата од листовите се користи за лекување на белите дробови и грчевите.

Свежиот сок од бреза се препорачува за лекување болести на крвта, црниот дроб, жолчката, бубрезите, мочниот меур, мочните патишта, нечистотии на кожата, јадеж, разни рани, воспаление на грлото, дамки од сонце, за зајакнување на целото тело, за зајакнување на коренот од косата, за губење коса, против првут.

Чајот од брезова кора се користи за чистење и измивање разни нечистотии на кожата, темето на главата и за внатрешна употреба во случај на хронични кожни болести, болести на белите дробови и гихт.

За брзо да ги отстраните брадавиците, би требало да приготвите чај од кора од бреза и да ги натопите брадавиците или да ја потопите кората и да ја ставите на брадавиците.