Лековитите својства на бадемовото масло се познати уште од античките времиња на Медитеранот, а неговата примена е универзална. Се користи за целокупната заштита на телото, а исто така и во исхраната.
Бадемовото масло е богато со растителни протеини, витамин А, Б1, Б2, Б6 и витамин Е. Покрај тоа, содржи три вида на есенцијални масни киселини Омега-3, Омега-6 и Омега-9. Бадемово масло се добива со екстракција на сувите плодови на бадем.
Неговата примена во козметиката е разновидна:
- Погодно е за сува и чувствителна кожа, негување на коса и нокти, а исто така е и базично масло при масажа и ароматерапија.
- Се користи и за секојдневна нега на лицето, бидејќи не ги затвора порите. Погодно е за сите типови на кожа, смирува воспаленија, изгореници, егземи и псоријаза.
- Многу ретко предизвикува алергии, затоа може да се користи и за нега на бебешка кожа.
- Ова масло дава еластичност, затоа многу често се користи во текот на бременоста, за спречување на појава на стрии, целулит или брчки.
- Бидејќи е богато со витамин А, го забрзува растот на косата и помага со обнова на влакното.
- Освен што ја влажни, храни и заштитува кожата, ја чини мека и свиленкаста, го забавува стареењето и го подобрува тенот.
- Најчесто се користи за масажа, а игра и важна улога во ароматерапијата, бидејќи се користи како база при примена на различни типови на ароматични масла кои можат да ја иритираат кожата, ако се применуваат сами.
- Поради својата текстура, лесно навлегува во подлабоките слоеви на мускулите со што ги омекнува и ја зајакнува кожата, ги опушта напнатите мускули и го подмладува телото.
Покрај широката примена во козметика, ова масло има и лековити својства:
- Ги подобрува интелектуалните способности, го забрзува варењето на храната, го намалува холестеролот, го зајакнува имунолошкиот систем, ги релаксира уморните мускули и др.
- Масажата со бадемово масло е стар народен лек против хернија, односно кила, а кога се масираат градите може да ја олесни кашлицата.
- Корисно е за лекување на изгореници и воспалени вени, проблеми со грлото и разни воспалителни состојби.
- Се верува дека е одличен афродизијак.
Бадемот е лековит прехранбен производ. Корисен е за губење на тежината. Консумирање на мали количини на бадем развива чувство на ситост.
Статиите на нашиот портал служат ИСКЛУЧИВО ЗА ВАШЕ ИНФОРМИРАЊЕ, за било каков здравствен проблем ЗАДОЛЖИТЕЛНО ДА СЕ КОНСУЛТИРАТЕ СО ДОКТОР!




















