Зимата е сезона на кисела зелка и многу луѓе се одлучуваат за оваа диета после новогодишните празници. Овој производ содржи неколку калории и истовремено-огромна количина витамини.
Содржината на калории во киселата зелка е само 20 калории на секои 100 грама производ. Киселата зелка е вкусен и здрав производ, но оваа диета не би требало да ја применувате повеќе од 6-7 дена, бидејќи телото и понатаму не добива доволна доза потребни супстанции. Таквата програма на слабеење може да се повторува за месец дена.
Само една лажица кисела зелка има дневна норма на витамин К, а содржи и цимх, манган, калиум, калциум, железо, голема количина на витамини Б,А,Е и ПП.
Придобивки од јадењето кисела зелка:
- ја подобрува работата на желудникот и цревата
- го намалува лошиот холестерол
- помага против вирусни болести, бидејќи содржи многу витамин Ц
- благодарение на влаканата ја стимулира работата на цревата
- има лактобацил, кој позитивно влијае на цревната микрофлора
Постојат многу различни рецепти како да се конзумира кисела зелка во текот на диета.
Доручек: кисела зелка и цитрусно овошје. Ручек: било какво јадење од кисела зелка-супа, готвена зелка, зелка со грав итн. Вечера: Салата од зеленчук со маслиново масло.
Кај слебеење, исто така е ефикасна употребата на солен сок-расол, кој има голема количина витамини и мокроелементи. Препорачаната доза е 100 мл по три пати на ден пред оброк.
Кој не смее да ја користи оваа диета? Луѓето кои боледуваат од: дијабетес, хипертензија, зголемена киселост на желудник, бубрежни болести, болести на панкреасот.

























