Калинката е многу моќно и ценето овошје, симбол на здравје, плодност и долговечност

Калинката е многу моќно и ценето овошје, одлично за срцето и крвните садови, а се верува дека има најсилни антиоксиданси од сите овошја.

Отсекогаш била симбол на здравје, плодност и долговечност. Таа е богата со флавоноиди, полифеноли и моќни антиоксиданси кои помагаат за заштита од срцеви заболувања и рак. Само една чаша чист сок од калинка има повеќе антиоксиданси отколку што има во една чаша црвено вино, зелен чај, боровинки и малини.

Калинката изобилува со витамини К, Ц, фолна киселина, бакар и калиум. Кои лица треба да консумираат поголеми количини свежа калинка или сок? Калинката треба да биде дел од менито кај сите лица што имаат проблеми со срцето и крвните садови (или се предиспонирани за оваа болест), висок холестерол или стврднување на артериите (во овај случај е особено ефективна).

Некои истражувања покажале дека калинката позитивно влијае во спречување на развојот на рак на дојка, рак на простатата, рак на дебелото црево, леукемија и тумори. Покрај тоа содржи соединенија кои го подигнуваат серотонинот и имаат благотворно дејство врз оние кои се депресивни и анксиозни.

Покрај сокот од калинка и свежите калинки, од ова овошје во продажба се сретнува и масло кое е исто така е многу корисно особено за косата, ноктите и кутикулите. На пример разреден сок од калинка е одличен за мрсна и оштетена коса. Маслото од семките на калинката може да го најдете во аптеките и во био продавниците само внимавајте да го купите чисто 100%, затоа што некои компании продаваат мешавина.

Како најдобро да ги користите калинките? Сокот од калинки можете да најдете во секое време, но не и свежото овошје. Свежите калинки може да ги чувате во пластични ќеси во фрижидер до 2 месеци и да ги искористите како додаток во свежи салати. Сокот можете да го користите како вода за плакнење на устата, бидејќи има антибактериски својства, додека разреден сок со вода во однос 1:3 се користи за плакнење на устата пред миење на забите во траење од неколку минути.

Статиите на нашиот портал служат ИСКЛУЧИВО ЗА ВАШЕ ИНФОРМИРАЊЕ, за било каков здравствен проблем ЗАДОЛЖИТЕЛНО ДА СЕ КОНСУЛТИРАТЕ СО ДОКТОР!
spot_imgspot_img

ПОВРЗАНИ ОБЈАВИ