Како се користи фолна киселина: за мажи – подобра потенција, за жени – избалансирани хормони

Оваа варијанта на витамин Б е многу поважна за нашето здравје отколку што си мислевте.

Веројатно сте забележале дека на амбалажата од производите на т.н.функционална храна (тоа е храна која покрај својата основна нутритивна вредност влијае и врз целните функции во организмот), како што се интегралните житарици, млечни производи со живи култури, јајца и други, стои информацијата дека содржат фолна киселина.

Сигурно сте слушнале и дека фолната киселина ја внесуваат бремените жени за да спречат можни компликации во бременоста. Меѓутоа, какви бенефити има оваа киселина врз здравјето на мажите?

ШТО Е ФОЛНА КИСЕЛИНА?

Фолната киселина е синтетичка верзија на витаминот Б кој е растворлив во вода. Храната која ја содржи оваа варијација на витаминот Б, ја содржи во природна состојба, а фолатите од смрзната и преработена храна не се здрави.

Фолатите се неопходни бидејќи ги изградуваат црвените и белите крвни зрнца, ги претвораат јаглените хидрати во енергија и ја одржуваат структурата на ДНК. Фолатите заедно со витамините Б12 и Б6, холинот, метионинот, бетаинот, магнезиумот, цинкот и сулфурот играат клучна улога во метилацијата – биохемиски процес кој ги одредува функциите како што се изградба на клетки, хормонален баланс и јакнење на ментално здравје. Корист има и кардиоваскуларниот систем, се намалува ризикот од одредени облици на канцер, се зголемува отпорноста на организмот од настинки, а поволно делува и врз депресии.

Некои истражувања покажале дека фолатите од фолната киселина го зголемуваат бројот на сперматозоидите. Откриено е дека кај мажите кои земале 5 милиграми фолна киселина и 66 милиграми цинк дневно во времетраење од 26 седмици, нивото на здравите сперматозоиди се зголемило за 74%. Фолната киселина се користи во лекување на дигестивни заболувања како што е целијакија, но и кај проблеми со бубрези и црн дроб.

КАКО СЕ КОНСУМИРА ФОЛНАТА КИСЕЛИНА?

Во природна форма фолати има најмногу во таканаречениот зеленчук со зелен лист, како што е спанаќот, кинеското зелје и кељ. Други извори се жолчка од јајце, аспарагус, јунешки или пилешки црн дроб, портокали, леќа, семки од тиква, сончоглед и сусам.

Можете да пробате и со суплементи, но водете сметка околу изборот. Бирајте „активни“ форми на фолати кои сами се нарекуваат метифолати. И додека фолната киселина може да биде одлична за одредени луѓе, мутацијата наречена MTHFR која создава одредени ензими кои ги разложуваат аминокиселините и спречуваат претворање на фолатите во фолна киселина, кај други луѓе може да биде опасна по здравје.

Околу 25% од латиноамериканците ја имаат оваа мутација, додека кај белата популација носители на оваа мутација се околу10 и 15 проценти. Водете сметка и околу дозите кои ги внесувате. Се препорачува дневен внес на фолати од околу 400 микрограми.

Статиите на нашиот портал служат ИСКЛУЧИВО ЗА ВАШЕ ИНФОРМИРАЊЕ, за било каков здравствен проблем ЗАДОЛЖИТЕЛНО ДА СЕ КОНСУЛТИРАТЕ СО ДОКТОР!
spot_imgspot_img

ПОВРЗАНИ ОБЈАВИ