Дијабетес е една од најраспространетите болести во светот, a oдржувањето на нормалното ниво на шеќерот во крвта е прво најважно правило за секој човек кој страда од оваа болест.
Постојат 3 рецепти од руската алтернативна медицина чиј ефект е докажан и се корисни за намалување на шеќерот во крвта и негово одржување под контрола. Тие се лесни за подготовка и достапни за секој кој има потреба да го намали или одржи нивото на крвниот шеќер.
Во продолжение прочитајте ги едноставните и пристапни рецепти:
1. Рецепт со лук и рен за намалување на крвен шеќер
За овај рецепт потребно е:
- корен од рен со должина од околу 20 см и дебелина од околу 2 см
- 9 чешниња лук
- свежо квалитетно пиво
- стаклено шише или тегла.
Подготовка: Коренот од рен добро измијте го, но не лупете го. Ситно исечкајте го и ставете го во тегла. Лукот излупете го, добро измијте го и исечкајте го, па ставете го во теглата. Добиената смеса полијте ја со свежо пиво во количина од отворот до стеснувањето на шишето. Потоа поклопете ја теглата со капак и ставете ја во темна просторија да отстои 10 дена. Откако смесата ќе биде готова исцедете ја.
Начин на употреба: првите 2 дена пијте по 1 лажичка и тоа 2-3 пати на ден, а наредните денови по 1 супена лажица, 3 пати на ден пред јадење.
2. Рецепт од овес за намалување на крвен шеќер
Состојки:
- 50 гр овес
- 500 мл вода
Подготовка: Овесот полијте го 500 мл превриена и оладена вода. Смесата ставете ја на тивок оган, оставете ја да зоврие, а потоа нека врие така 10-15 минути. Откако добро ќе изврие садот тргнете го од оган покријте го и оставете го да стои 1 час.
Начин на употреба: 3-4 пати на ден по половина чаша пред јадење. Време на употреба 2 до 3 недели.
3. Рецепт за намалување на шеќер во крвта со јајце
Состојки:
- 1 јајце сок
- 1 лимон.
Подготовка: Во сад добро изматете го јајцето, а потоа додајте го сокот од лимонот и добро измешајте.
Начин на употреба: Секое утро на празен стомак. Време на употреба: најмалку 2 недели.
Не заборавајте да ја користите терапијата која е препишана од вашиот доктор. БИДЕТЕ ЗДРАВИ!

























