Обично грицкаме семки онака по пат, несвесно, за да потрошиме време и да ги занимаваме рацете.
Со оглед на тоа што се многу вкусни, понекогаш знаеме да изедеме голема количина од нив. Но тоа не е проблем, бидејќи овие семки колку што се вкусни толку се и здрави.
Сончогледот ја штити кожата
Семките од сончоглед содржат витамин Е, познат антиоксиданс, протеини и есенцијална линолна масна киселина. Ваквиот состав делува позитивно на кожата, ја навлажнува и помага во лечењето кожни болести, како што е егземата.
Тиквата го чува видот
Омега 3 масните киселини кои се содржат во семките од тиква го чуваат видот и го подобруваат расположението. Другата нивна состојка, цинкот, ја заштитува густината на коските, позитивно влијае врз простата, а со оглед на тоа што семките од тиква се важен извор на протеини, можат да го заменат месото.
Лен за здрави нокти и коса
Луѓето кои редовно јадат ленено семе ќе имаат поквалитетна коса и нокти и поубава и поздрава кожа. Ова семе помага и при лекувањето болести на срце, го снижува високот ниво на холестерол и крвниот притисок. За разлика од другите семки кои можат да се јадат цели, лененото семе треба да го јадете сомелено.

























