Инфузија на животот: Напиток кој лекува воспаление на белите дробови – го чисти телото од отрови

Овој чудотворен чај е руски лек за многу болести. Најмногу се користи за да телото го доведе во склад бидејќи го зголемува имунитетот, штити од болести и го чисти телото од токсини.

Овесот отсекогаш се користел во традиционалната медицина. Еликсири од овес се користат како стимуланс за несоница, ментална исцрпеност, физички замор.

Купките од овесна каша помогнуваат при ревматизам, гихт, ишијас и некои кожни заболувања. Сламата од овесот се користела како антидијабетичко, диуретичко и антисептичко средство.

Бујон од овес – народен лек за многу болести
Дури и Хипократ советувал одвар од овес или зобна инфузија за исцрпеност и слабост на телото. Чајот од овес им се дава на децата кои прележале грип или имаат проблем со имунитетот.

Чајот од овес или бујон е едноставно неопходен за јакнење на нервниот систем, срцето, белите дробови, го подобрува составот на крвта и метаболизмот. Освен тоа: лекува чир на желудник, хроничен гастритис, а посебно е корисен кај хроничниот хепатитис и панкреатитис.

Чајот или одвар од овес има диуретски ефект па е во состојба да лекува воспалување на бубрези и бешика како и инконтиненција на урината кај децата. Често е многу ефикасен при лекување настинка и грип.

Чајот се прави така што се користи цело зрно од овес, по можност нелупено.Ако лекувате хронична кашлица или ако со чајот од овес лекувате воспалување на белите дробови, овој чај задолжително засладете го со една лажичка мед.

Чај од овес – класичен рецепт
1 – 2 шолји овес сварете во еден литар вода, оставете да отстои 20. минути, потоа пијте по половина шолја најмалку 3. пати дневно. Така ќе го исчистите црниот дроб, ќе го забрзате метаболизмот и зајакнете телото.

Чај од овес против несоница
Половина килограм овес потопете во 1 литар ладна вода па варете околу половина час. исцедете и пијте по 200 мл засладено со 1 лажичка мед. Сварените зрна овес можат да се јадат како варена пченица, во салата, како додаток на јадење (наместо ориз) или како десерт со мед и ореви.

Чај од овес против воспалување на белите дробови кај деца
1 шолја овес со лушпа убаво се измива и става во 1 литар млеко. Се вари на ниска температура околу еден час. На децата им се дава да го пијат како чај или неколку пати во текот на денот да се јаде „како супа“. Може да се додаде мед или путер или и од двете по желба.

Чај за јакнење на организмот
1 шолја овес варете во литар вода додека не добиете густа течност. Додајте млеко и варете уште малку. Изладете ја течноста па додајте 3. лажици мед. Три пати дневно пијте од овој чај како средство за јакнење на организмот.

Еликсир на животот
3 шолји овес убаво се мијат и варат со три литри вода. Варете 20. минути на ниска температура па лонецот тргнете го од ринглата и завиткајте со волнени крпи. Потоа исцедете ја течноста низ густа цедалка или газа, па додајте 100 г мед.

Течноста ставете ја во експрес лонец и добро затворете па ставете на рингла повторно да зоврие. Кога ќе се излади, течноста префрлете ја во шише па во фрижидер. Пред употреба ставете сок од лимон, по вкус.

Од овој еликсир пијте по 100 мл дневно, во мали голтки, пред оброк. Значи вкупно 100 мл. дневно. Кога ќе го испиете овој пијалок, повторете ја курата со детоксикација уште три пати. Оваа кура се повторува три пати годишно: на пролет, лето и есен.

Advertisement