Имаме решенија за вашата сува кожа: Моќни природни маски кои ќе ја оживеат и најсувата дехидрирана кожа на лицето!

Најдобар начин за подобрување на состојбата на вашата сува кожа е преку природни креми и маски. Маслиновото масло, медот, глицеринот, авокадото, бананата се високо ефикасни за подобрување на здравјето на сувата кожа.

Следните рецепти можат да послужат како маски за сува кожа, кои лесно и ефикасно помагаат во хидрирање на кожата.

Овошна маска за прекумерно сува кожа

Во блендер изматете 2 јагоди, 1 банана и половина авокадо и додадете 1 лажица маслиново масло. Добро промешајте и нанесете на лицето и вратот. Оставете да делува 15 минути, а потоа исплакнете со млака вода.

Маска со јајца

Друго ефикасно решение за сува кожа е да ги изматите жолчките со 1 лажичка маслиново масло и 1 лажичка мед. Добро промешајте и нанесете на чисто лице. Оставете да работи 15 минути, а потоа исплакнете го лицето со потопла, а потоа и постудена вода.

Природна маска со овес

Измешајте 2 лажици мед, 1 лажица маслиново масло и 1 лажица овесна каша. Нанесете ја маската и оставете ја да делува 10 минути и исплакнете ја.

Маска од авокадо и млеко

Можете да направите друга ефикасна маска за хидрирање на сува кожа, со стискање на едно авокадо и додавање на малку млеко за да добиете кремаста маса. Нанесете на посакуваната област, оставете да делува 20 минути и исплакнете.

Маска од банана

Мешајте 1 банана, 1 лажица мед и 1 лажица јогурт додека не добиете кремаста смеса. Нанесете на лицето и вратот и оставете да делува 15 минути, а потоа исплакнете со млака вода.

Маска со млеко

Добро изматете ги следниве состојки: 1 лажичка млеко во прав, 1 лажичка мед, 1 лажичка алое гел и 1 лажичка бадемово или маслиново масло. Нанесете на лицето, оставете 15 минути и исплакнете со млака вода.

Маска од кикирики

Измелете 2 лажици кикирики и измешајте со 1 лажица мед и 1 лажичка маслиново масло. Нанесете на лицето, оставете 15 минути и исплакнете со млака вода.

Маска со кафе и какао

Измешајте 4 лажички кафе, 4 лажички какао и 8 лажички млеко. Нанесете ја оваа мешавина на претходно исчистеното лице и врат, избегнувајќи ја областа околу очите и устата. Оставете да делува 15 минути, а потоа исплакнете со млака вода.

Маска од авокадо и маслиново масло

Измешајте ½ авокадо (добро изгмечете го) и 1 лажица маслиново масло. Нанесете на лицето и оставете да делува 10-15 минути, а потоа исплакнете со млака вода.

Advertisement