Еден храбар маж одлучил да направи нешто што на многумина можеби им звучи како невозможна мисија – од животот ги исфрлил кафето и алкохолот.

Многумина од нас на почетокот од новата година се откажуваат од лошите навики, меѓутоа само најупорните ги одржуваат здравите навики подолг период.

Тобијас Ван Шнајдер, дизајнер од Њујорк, одлучил да се откажеод своите два најголеми пороци – алкохол и кафе, за да види што ќе се промени во неговиот живот после таа одлука – на подобро, или можеби на полошо.

Како што пишува „The Independent”, Тобијас речиси веднаш забележал дека неговиот друштвен живот почнал да пропаѓа.

„Кога друштвото ќе ме повикаше да им се придружам на пијалок, велев ’не’ бидејќи трезен едноставно не можев да се справам со озборувањата“, раскажал Тобијас.

Но, неговото тело доживеало преобразување, а со телото и неговиот паричник. Тој тврди дека со откажувањето од кафе и алкохол заштедил и до 500 евра месечно, а и неговиот квалитет на сонот значително се подобрил.

„Кога го исфрлив алкохолот од мојата исхрана, квалитетот на мојот сон драстично се подобри. Спиев подобро и се будев со повеќе енергија.“

Тобијас признава дека пијалоците најчесто му го зголемувале стресот и влијаеле на анксиозноста, а без нив неговото тело конечно почнало да се опушта.

Кога ја споделил приказната на неговиот блог, не можел ни да замисли колкаво влијание таа ќе има врз читатели од целиот свет.

„Ова ќе го испечатам и ќе го ставам во мојот паричник!“, воодушевено напишал еден читател.

„Сето тоа е вистина. Ќе морам да го пробам и самиот: помалку потрошени пари, помалку непроспиени ноќи, помалку лоши калории, повеќе слободно време“, заклучил друг.

Advertisement