Ако сте пушач повеќе од пет години, сигурно досега сте доживеале барем еднаш бронхитис, кој се карактеризира со посебна кашлица.




Најубаво е да се откажете од цигарите и да го продолжите животот барем за десет години. Ако не можете да го направите тоа, тогaш почнете да јадете кромид и лук, бидејќи тие се одлична превентива против малигни заболувања. Ѓумбирот исто така.




Кукурмата изобилува со витамини и минерали, а содржи и лековити омега 3 масни киселини. Кукурмата има антивирусно, антибактериско и антиканцерогено дејство, затоа е пожелно да се користи во секојдневната исхрана.




Рецепт:
За подготовка на овој сируп за чистење на белите дробови ќе ви биде потребно:
- 1кг кромид
- 1 литар вода
- 400гр шеќер
- 2 лажички кукурма
- мал исчистен корен од ѓумбир




Како да го подготвите
Во сад ставете вода, шеќер и ставете да се вари. Додадете чистен кромид, исечен на четвртинки и изрендан корен од ѓумбир, со големина на палец. Истурете ја кукурмата и кога ќе проврие, намалете ја температурата.




Варете се додека не се намали течноста за два пати. Исцедете, истурете во стаклена тегла, а кога ќе се излади ставете ја теглата во фрижидер. Земајте по две супени лажици наутро на празен стомак и навечер два часа пред оброкот.

























