Домашен штит за белите дробови – Чисти од слуз, го олеснува дишењето и заштитува од компликации

Една од најистакнатите и најпопуларни бугарски лекари, Д-р Недела Шонова постојано дели бесценети совети и рацепти како најдобро да го заштитиме и зајакнеме нашето здравје.

Еден од нејзините најпопуларни и најдобри рецепти е следниот за прочистувањето на белите дробови, кој се подготвува мног лесно, а потребни ви се само 3 едноставни состојки.

Домашниот лек ефикасно ја отстранува кашлицата, вишокот на слуз и болките во грлото исчезнуваат. Се подразбира, природниот лек може да биде користен и без некакви видливи проблеми на белите дробови, туку превентивно.

Домашен лек за прочистување на белите дробови
Потребни состојки

  • 400 мл вода
  • 2 зрели банани
  • 2 супени лажици мед

Начин на подготовка и употреба
Најпрво, потребно е да ставиме 400 мл вода на оган, да зоврие. Откако ќе ја достигне неопходната температура, водата се отстранува од оганот и во неа се додаваат 2 зрели банани, кои претходно е неопходно да бидат исечени на мали парчиња.

Од топлата вода, истите ќе се растопат, а исто така добро е и со лажица да ја мешаме смесата. На крај, во истата се додаваат 2 супени лажици мед и добро сето се меша до добивање на една хомогена смеса.

Добиеното лекарство се консумира топло, но не и врело. Дозата се прима целата наеднаш, а треба да се консумира пред првиот оброк во денот.

Извор: Nane.mk

Статиите на нашиот портал служат ИСКЛУЧИВО ЗА ВАШЕ ИНФОРМИРАЊЕ, за било каков здравствен проблем ЗАДОЛЖИТЕЛНО ДА СЕ КОНСУЛТИРАТЕ СО ДОКТОР!
spot_imgspot_img

ПОВРЗАНИ ОБЈАВИ