Домашен лек за отечени нозе

Како резултат на зголемениот обем на течност во одредени делови на телото, може да се јават отоци што се непријатни. Ваквите промени најчесто се манифестираат во стапалата и на глуждовите.

Отекувањето на нозете може да настане од повеќе причини: жештина, проблеми со крвните садови, нарушена работа на бубрезите, бременост, срцеви промени, хормонски нарушувања итн.

Според народната медицина, најдобриот лек против отоци на нозете се прави од магдонос и ефикасно ја исфрла непотребната течност од организмот. Потребни се: свежиот зелен дел од магдоносот (произволна количина) и корен од магдонос.

Подготовка и начин на употреба: Добро измијте го и ситно исечкајте или измелете го целиот магдонос. Смесата ставете ја во термос и прелијте ја со 500 мл вода што врие. Оставете да отстои преку ноќ, а утрото процедете ја.

Оваа количина ќе ви биде доволна да ја пиете во текот на еден ден, а најдобро да ја поделите во три дози. Овој лек се пие 2 дена по ред, но за вториот ден треба да подготвите нова количина. Направете пауза 3 дена, па повторно пијте 2 дена.

Овој проблем сепак не е мал, па најдобро е да се консултирате со лекар и да утврдите со сигурност што е конкретната причина што довела до отекување на нозете.

Advertisement