Направете сами домашен квасец и леб според рецептот на најпознатиот руски научник и доктор за здрава исхрана, Д-р Виктор Хрушчов.

Овој домашен квасец го користи и најпознатиот англиски готвач Пол Холивуд и Гордон Рамзи за приготвување на леб и печива.

Докторот по медицински науки, лекар и билкар Виктор Хрушчов тврди дека современиот леб е причина за многу болести и дека спасот е во квасецот кој можеме сами да го направиме.

Д-р Виктор Хрушчов, автор на книгата за подмладување со соодвена исхрана, смета дека еден од поголемите проблеми на денешницата е лебот.

Сите знаеме дека лебот не е ист “како некогаш”, бидејќи пченицата не е иста, а исто така, постапката и состојките кои се користат во процесот на приготвување на леб не се исти.

ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:

  • 1 јаболко
  • 500 г + 250 г остро брашно
  • 250 мл + 170 мл млака вода

ПОСТАПКА:

Органско, непрскано јаболко измијте го добро и пресечете го на половина. Извадете ги семките и изрендајте го (или ситно исечкајте го, па после 2-3 дена се вадат парчињата).

Половина килограм остро брашно измешајте со 350 мл вода, додадете го јаболкото и сето добро затворете го во стаклена тегла.

После два-три дена ќе се појават меурчиња и смесата ќе нарасне. Половина од смесата треба да се фрли (или да се продолжи процесот во друга тегла или да направите леб со половината), а во остатокот да се додаде претходно измешани 250 г остро брашно и 170 мл млака вода.

Добро се промешува, се затвора и повторно се остава неколку денови да мирува на собна температура.

Кога ќе се појават меурчиња, смесата е готова за употреба. Околу 250 г стартер се користи со останатите состојки за приготвување на леб, а остатокот се “одржува” со додавање на онолку брашно и вода, колку да се добие и одржува течно тесто во теглата.

Ако печете редовно секој ден леб, тогаш стартерот може да стои на собна температура, а доколку месите поретко, чувајте го во фрижидер.

Овој квасец е многу здрав, одличен антибиотик и за подобрување на имунитетот.

ЕЛИКСИР ЗА ЗДРАВЈЕ

  • 1 лажичка мед
  • 1 лажичка јаболкова киселина
  • мало парче свеж квасец (величина на чешне лук)
  • 2 чешниња лук

Сите состојки се мешаат, а лукот само малку се нагмечува. Се приготвува одвечер, а следниот ден се консумира половина од смесата, а остатокот навечер.

Оваа смеса е одличен лек за бројни болести, за зголемување на имунитетот и одбрана од вируси, бактерии и габични инфекции. Ако користите од течниот, домашен стартер, ставете една супена лажица.

Целата постапка можете да ја погледнете во видеото: