Го сподели својот утрински ритуал за ден исполнет со енергија. Јудин Хари од Итната помош вели дека секој ден го започнува со млака шолја зелен чај. Важна е температурата, но и еден додаток. Докторката која веќе ги открила своите совети против стрес, рекла дека овој чај го пие наместо кафе.
„Секое утро го започнувам со зелен чај. Многумина и не знаат дека тој исто така содржи кофеин, па ќе ве разбуди, но дозата е помала отколку во кафето и така нема да стабнете нервозни.
Преполн е со антиоксиданси кои го забрзуваат метаболизмот, ги смирува воспаленијата и го зголемува согорувањето на масти“, рекла д-р Хари.
Зелениот чај има смирувачки ефект, поради што е добар ако работите стресна работа. Утрото ќе го започнете будни и фокусирани, но смирени.
Оставете зелениот чај да се излади пред да додадете лимон, кој ќе ја зајакне апсорбацијата на полифенол и ќе ви даде максимум благотворни дејства.
Лимонот никогаш не треба да се додава додека е чајот врел, затоа што на температура од 70 степени Целзиусови губи најголем дел од витаминот Ц.

























