Докторите го открија најраниот симптом на дијабетес: Jасен знак дека шеќерот ви го разорува организмот

Доколку овој симптом се воочи навреме, тогаш дијабетесот може да се стави под контрола. Симптомите на дијабетес тип 2 вклучувааат замор, неконтролирано губење телесна тежина и чувство на жед.

Меѓутоа, докторите дошле до заклучок дека пред сите тие симптоми да се појават се развива еден симптом кој што е најран аларм за појава на дијабетес. Дијабетес тип 2 е хронична состојба при која панкреасот не може да произведува доволна количина инсулин.

Иако овој процес може да е безопасен, со текот на времето се пореметуваат сите функции на нашето тело. Високото ниво на шеќер во крвта може сериозно да го оштети срцето, очите, но и нашите бубрези.

Клучен чекор во таков случај е раното откривање на проблемот. Најраниот симптом, како што тврдат докторите, е замаглен вид, кој што со секој нареден ден станува сè посериозен.

Дијабетесот може да предизвика замаглување на видот, но и солзење на очите. Оваа состојба е позната и како дијабетичка ретинопија – резултат е на проблемите со крвните садови околу мрежницата.

Кај поголемиот дел од пациентите овој проблем се развива постепено, а раното откривање и посета на доктор може да го спаси пациентот од посериозни проблеми и целосно губење на видот.

Во окото почнуваат да се создаваат вишок течности кои што го намалуваат фокусот на самото око. Доколку таквата состојба потрае неколку денови, тогаш време е да посетите и да се консултирате со доктор.

Експертите сепак нагласуваат дека замаглениот вид не е во 100 отсто од случаите кај пациентите причина за дијабетес. Во секој случај, докторите препорачуваат редовна контрола и следење на сите сигнали кои што ни ги испраќа нашиот организам.

Статиите на нашиот портал служат ИСКЛУЧИВО ЗА ВАШЕ ИНФОРМИРАЊЕ, за било каков здравствен проблем ЗАДОЛЖИТЕЛНО ДА СЕ КОНСУЛТИРАТЕ СО ДОКТОР!
spot_imgspot_img

ПОВРЗАНИ ОБЈАВИ