Диета од Тибет : за 7 дена се слабее, се подмладува и се продолжува животот

Тибетанската диета се заснова врз традиционалната исхрана на Тибетанците. Оваа диета ќе ви помогне не само да ги изгубите вишокот килограми, туку и да се чувствувате подобро во целост.

Нутриционистите сметаат дека тибетанската диета може да го подмлади организмот и да ви го продолжи животот. Во својата основа ова е млечно-вегетаријанска, со малку риба. Треба да се јаде полека, во мали залаци – што е сосема во традицијата на источните народи. Се препорачува консумирање на многу зеленчук и овошје.

ПОНЕДЕЛНИК

Појадок: чаша млеко, мало парче двопек.
Ручек: 150 г варен грав. 200 г салата од домати, пиперка, кромид и магдонос. 1 големо зелено јаболко или портокал.
Вечера: 250 г рендана зелка зачинета со лимонов сок. 150 г било кое овошје, 1 чаша минерална вода.

ВТОРНИК

Појадок: 1 чаша минерална вода, 1 големо јаболко
Ручек: 200 г варена риба, 200 г овошна салата од јаболко, круша, сливи или друго овошје. 1 портокал
Вечера: 250 г тиквички пржени на растително масло, 3 домати, 1 парче леб, 1 чаша сок од домати.

СРЕДА

Појадок: 1 чаша млеко, 2 парчиња двопек
Ручек: 200 г варен грав или грашок, 200 г салата од домати, кромид, свежа краставица и 1 чешне лук, зачинето со растително масло.
Вечера: 200 г варено цвекло, 2 јаболки, 1 портокал, е парче леб, 1 домат и 1 чаша сок од домати.

ЧЕТВРТОК

Појадок: 1 чаша негазирана минерална вода, 1 мала земичка
Ручек: 250 г варена риба, 200 г салата од зеленчук, 1 чаша природен сок од јаболка
Вечера: 200 г варена боранија, 200 г сиров, рендан морков, зачинето со растително масло и лукче, 1 чаша чај и парче двопек.

ПЕТОК

Појадок: 1 чаша млеко, мала земичка
Ручек: 200 г салата од рендана црвена зелка, зачинето со лимонов сок. 1 чаша јогурт, 2 јаболка.
Вечера: 200 г варена риба, 200 г црн домат пржен на растително масло со малку морков. Мало парче црн леб. 1 чаша негазирана минерална вода.

САБОТА

Појадок: 1 чаша сок од јаболко, 1 портокал
Ручек: 200 г рендан морков, зачинето со растително масло, 200 г салата од домати и кромид. 1 чаша негазирана минерална вода.
Вечера: 150 г сирење, 2 парчиња двопек, 100 г јагоди. 1 чаша млеко или 2 чаши јогурт.

НЕДЕЛА

Појадок: 1 чаша млеко, 2 мали парчиња двопек
Ручек: 250 г варена риба, 250 г салата од зелка зачинета со лимонов сок, 1 чаша негазирана минерална вода.
Вечера: 200 г варен грав, 100 г младо сирење, 250 г било кое овошје, 1 чаша негазирана минерална вода или свежо исцеден сок од јаболка.

Диетата се држи седум дена, а во текот на следната седмица може да вклучите во исхраната по малку варено месо. Еден месец подоцна, диетата може да се повтори.

Статиите на нашиот портал служат ИСКЛУЧИВО ЗА ВАШЕ ИНФОРМИРАЊЕ, за било каков здравствен проблем ЗАДОЛЖИТЕЛНО ДА СЕ КОНСУЛТИРАТЕ СО ДОКТОР!
spot_imgspot_img

ПОВРЗАНИ ОБЈАВИ