Билката која некогаш се сметала за отровна, денес е најголемиот сојузник во чувањето на здравјето

Босилекот е билка која поттекнува од Индија, а расте во висина од 20-60 см. Во светот, постојат околу 150 видови босилек. Тој се користи во многу земји и култури.

Многу одамна се сметало дека е отровен, но денес тој е една од најдобрите билки за нашето здравје.
Одличен е за :

  • воспаление на усната шуплина
  • лечење на тврда столица
  • против грчеви во цревата
  • надуеност на стомакот
  • мачнини
  • воспаление на бубрезите и јајниците
  • нередовна менструација

Тој делува антисептички и се користи и за зараснување на раните, лечење на акни и различни воспаленија кај кожата, го поттикнува потењето и ја намалува телесната температура.

Исто така, одличен е против убоди од инсекти, бидејќи неговиот силен мирис ги одалечува инсектитите, но тој ги смирува убодите по каснувањето.

Ја смирува раздразливоста, несоницата и немирот и придонесува за подобро расположение.

Начин на подготовка:
1 лажица босилек прелијте ја со 2 дл зовриена вода. Оставете да отстои 5 минути и процедете.

Статиите на нашиот портал служат ИСКЛУЧИВО ЗА ВАШЕ ИНФОРМИРАЊЕ, за било каков здравствен проблем ЗАДОЛЖИТЕЛНО ДА СЕ КОНСУЛТИРАТЕ СО ДОКТОР!
spot_imgspot_img

ПОВРЗАНИ ОБЈАВИ