Сите многу добро сме запознаени за важноста на калциумот, кога станува збор за коските. Тој е минерал кој го чува здравјето на нашите коски, го одржува здравјето на срцето, ги зацврстува мускулите и нервите и забите.
Поради тоа, консумирањето на доволно количество на калциум е особено важно за правилното функционирање на целиот организам. Доколку ви се појави некој од следниве симптоми, многу веројатно е дека имате недостаток на калциум:
- Болки во зглобовите и лесно кршливи коски;
- Кршливи нокти;
- Проблеми со спиењето;
- Грчеви во мускулите;
- Егзема
- Вкочанетост во нозете и рацете.
- Ако не се лекува, недостатокот на калциум може да доведе до остеопороза.
Остеопорозата е заболување на коскениот систем, кое води до намалување на еластичноста на коските и појава на скршеници.
Статиите на нашиот портал служат ИСКЛУЧИВО ЗА ВАШЕ ИНФОРМИРАЊЕ, за било каков здравствен проблем ЗАДОЛЖИТЕЛНО ДА СЕ КОНСУЛТИРАТЕ СО ДОКТОР!

























