Изложеноста на високите температури и екстремните горештини во подолг временски период може да го прегрее организмот. Тоа значи дека телото повеќе не може само себеси да се разлади и да ја врати температурата на оптимална.
Кога температурата на телото расте, се зголемува и забрзува протекот на крв во телото, повеќе се потиме и побрзо дишеме, па на тој начин телото се разладува. Меѓутоа, овој одбранбен механизам има и нуспојави.
Вртоглавица. Можеби сте помислиле дека потењето е прв знак на прегрејување на телото, но горештината може да „удри“ во главата и во моментот кога не се потите. Високите температури прво влијаат на чувствителното ткиво во мозокот, па во состојба на прегрејување на телото веројатно прво ќе почувствувате лесна вртоглавица.
Нагло престанување на потењето. Силното потење е сосема нормална појава ако сте изложени на сонцето и горештините. Треба да се загрижите ако потењето во тие услови престане. Тоа значи дека телото е во сериозна дихидрирана состојба и ја губи способноста на регулирање на телесната температура. Потребно е веднаш да се тргнете во ладовина и да внесувате вода во организмот.
Осип од горештините. Иако почесто се појавува кај децата, осипот предизвикан од горештините не е реткост ниту кај возрасните. До тоа доаѓа кога се блокираат потните жлезди, па потта останува под површината на кожата. Тогаш на кожата се појавуваат мали црвени воспалени точкички проследени со чувство на пецкање и боцкање.




















