Ако имате проблеми со очите, ви нудиме една многу ефикасна мешавина со која ќе го подобрите видот. Со неа може дури да ги извадите и очилата или барем да го намалите диоптерот, кажуваат луѓе кои ја испитувале мешавината.
Освен за остар вид, рецептот е познат како мешавина со докажано подмладувачко дејство. Тоа е лесен, евтин и достапен рецепт, кој секој може да си го направи дома и да го тестира бидејќи производите се целосно природни. Ако го користите доволно долго ќе го успорите стареењето.
Испитаниците на рецептот кажуваат дека се познати случаи на подобрување на видот од минус 4 до минус 2 диоптер . Второто подобрување е врз кожата на целото тело. Таа ќе стане многу мазна, хранета и мека.
Третиот позитивен ефект е во тоа што, ако косата почнала да ви паѓа, може да го сопрете паѓањето и да и дадете многу убав сјај на косата.
Неопходните производи за подготовка на овој рецепт се 200 грама ленено масло, 4 лимона, 3 глави лук и килограм мед.
Два лимона со кора и два излупени лимони се варат и во нив се додава мелениот лук. Се додаваат медот и лененото масло и сè меша добро, а целата смеса се става во тегла. Таа треба да се чува на ладно и темно место – најдобро во фрижидер.
Од оваа мешавина се зема по една лажица пред јадење. Најдобро е да ја мешате смесата често, со дрвена или пластична лажица, а не метална која ги уништува корисните состојки. Откако ќе заврши, можете да си направите втора доза за остар вид и вкупно подмладување на организмот.

























